Обвинителството од Гостивар поднесе обвинение против лице осомничено за кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„На 15 септември 2017 година, во домот на обвинетиот во дебарското село Могорче било пронајдено полуавтоматско огнено оружје – пиштол марка „Застава“ и рамка со муниција – 6 куршуми со калибар од 6,35мм, кои ги држел неовластено“, информираат од Обвинителството.