Хроника 01. ноември 2018. / 19:08

Во Црн Дрим пронајдено тело

Во Црн Дрим пронајдено тело

Во водите на реката Црн Дрим, попладнево пронајдено е телото на исчезнатиот маж од Дебар, кој на 30 октомври беше пријавен за исчезнат. Телото, според првичните информации, било меѓу гранки од дрвја во реката кај селото Вичишта, од македонска страна на реката, која е природна граница меѓу двете земји.

Сега починатиот Ф.С. (46) во Полициската станица Дебар за изчезнат го пријавило семејството во вторникот, откако не се вратил дома од риболов, каде што често пати одел. Во изминатите денови во пребарување на теренот беа вклучени полициски службеници од дебарската полициска станица и роднини на Сула, а денеска е ангажирана и територијалната противпожарна единица.