Рестрикцијата за движење низ поединечни населби се прекршува од најмладите, децата. Во скопската општина Чаир, попладнево на улиците можеа да се забележат повеќе групи со деца, кои играат во локалните паркови, но и по улиците, пишува A1.on.
Иако тоа не е дозволено и целата држава е во 61-часовен карантин, сепак, извесно е дека полицијата не ги контролира сите улици во Скопје, за да го санкционира однесувањето на поединци.
Децата се познати на жителите кои реагираат бидејќи тие се излезени надвор во време на полициски час, но за „А1он“ велат, ние не можеме ништо ако надлежните органи не преземат чекори за да се справат со ваквата појава.
Целиот текст на A1.on. можете да го прочитате ТУКА.