Хроника 23. април 2018. / 14:07

Во Чаир прободено момче на Дижонска

Во Чаир прободено момче на Дижонска

Синоќа во Секторот за внатрешни работи Скопје С.И.(42) пријавил дека околу 20,30 часот кај паркот спроти улицата “Дижонска“ Ф.А. (19) со употреба на нож му нанел рана на неговиот 16 годишен син.
Тој бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му била констатирана телесна повреда.

Се работи на целосно расчистување на случајот.