Хроника 10. јули 2019. / 13:56

Во центарот на Прилеп е поставена бомба: Полицијата во моментот го обезбедува просторот

Во центарот на Прилеп е поставена бомба: Полицијата во моментот го обезбедува просторот

Околу 12 часот пред кафуле во строгиот центарот на Прилеп под столица е поставена или фрлена рачна бомба се уште неексплодирана, што предизвика голема паника меѓу граѓаните на Прилеп.

Полицијата во моментот го обезбедува просторот, повикана е противпожарната единица известена е и се очекува да пристигне антитерористичка единица од Скопје.Се уште не се знае дали е оставена или фрлена рачната бомба.