При ископ на земја со багер вчера во 12:08 часот на ул. „11 Октомври“ во Куманово била пронајдена неексплодирана граната од Втората светска војна, соопшти денеска МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.