Хроника 01. февруари 2021. / 21:45

Во Бугарија уапсен Игор Спасов: Специјалецот осуден за убиството на Мартин Нешковски

Во Бугарија уапсен Игор Спасов: Специјалецот осуден за убиството на Мартин Нешковски

Бугарската полиција го известила македонското МВР дека денеска во Софија е уапсен Игор Спасов по распишана меѓународна потерница.

Игор Спасов е уапсен во Софија по распишана меѓународна потерница од македонското МВР. Повеќе детали од МВР најавуваат за утре.

Инаку , Основниот суд Штип ја известил тамошната полиција дека Игор Спасов, специјалец во МВР осуден за убиството на Мартин Нешкоски, е во бегство..

Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ пред една година, поради лекарски и вешти наоди дека морало врз него да се извршат најмалку две хируршки интервенции. Тој се оперирал од дискус хернија и од кила. Требало да се врати во затворот „Идризово“ на 18 октомври, но не го сторил тоа