Синоќа во 21:40 часот на булевар „1-ви Мај“ во Битола, битолчанецот В.Т.(43) управувајќи патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.Н.(27) од Битола.
Од ударот Е.Н. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница Битола.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.