Хроника 11. февруари 2019. / 15:25

Во атарот на битолско село пронајдена артилериска граната од Првата светска

Во атарот на битолско село пронајдена артилериска граната од Првата светска

Во атарот на битолското село Крклино, на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари, вчера била пронајдена артилериска граната, калибар 75 мм, од Првата светска војна.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.