Хроника 27. јули 2019. / 12:56

Внимавајте: Возило превртено на скопската обиколница

Внимавајте: Возило превртено на скопската обиколница

Кај скопската обиколница е случена сообраќајна несреќа.

Автомобил стои превртен на патот што води кон Смилковското езеро.

КУРИР побара детали од МВР и истите ќе бидат објавени веднаш по нивниот одговор.

Како што дознава КУРИР, увидот уште е во тек, а возилото ќе биде отстрането по завршување на потребните процедури.

До тогаш, возете внимателно во овој дел од градот.