Вкупно 76 државјани на БиХ загинале во Сирија и Ирак, според извештајот на безбедносните служби во Босна и Херцеговина, објави сараевскиот портал „Журнал“.
Меѓу загинатите има и четири деца, како и пет жени кои на територијата на Сирија и Ирак заминале со своите сопрузи, кои биле членови на „Исламска држава“.„Журнал“ во својата статија објави и детали за сите граѓани на БиХ кои починале во Сирија и Ирак.