Вкупно 41 лице не ја почитувале забраната за ограничување на движењето, 7 лица се на возраст до 18 години и 2 лица на возраст над 67 години, информира МВР.
Приведени се 18 лица, а за останатите земени се податоци за понатамошно постапување. На 186 лица се издадени решенија за изолација, а 350 лица потпишале изјава за самоизолација.
Во државен карантин се спроведени 4 лица.
Утрово, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, изрази благодарност до граѓаните кои ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на движењето на граѓаните како една од мерките за справување со корона вирусот.