Хроника 13. март 2019. / 12:34

Вкупно 40 контејнери наменети за собирање на комуналниот отпад се запалени оваа година

Вкупно 40 контејнери наменети за собирање на комуналниот отпад се запалени оваа година

Вкупно 40 контејнери наменети за собирање на комуналниот отпад во текот на изминатите два месеца беа опожарени и целосно уништени.

Покрај финансиската штета што му е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти доведуваат до големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

Апелираме да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски, согласно Оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.