Хроника 05. мај 2020. / 10:46

Вкупно 25 луѓе ја прекршиле забраната за движење, 17 се приведени

Вкупно 25 луѓе ја прекршиле забраната за движење, 17 се приведени

Во текот на изминатото деноноќие вкупно 25 лица на ниво на цела држава не ја почитувале забраната за движење. Притоа 17 лица се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистиката на МВР, за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.