Хроника 30. јуни 2020. / 10:10

Вкупно 24.155 лица не ја почитувале мерката за носење заштитна маска

Вкупно 24.155 лица не ја почитувале мерката за носење заштитна маска

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Ковид-19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.

Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 24155 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 361 прекршоци во изминатото деноноќие, информира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.