Хроника 18. мај 2020. / 22:00

Викендот три физички напади во Демир Капија, Кавадарци и Неготино

Викендот три физички напади во Демир Капија, Кавадарци и Неготино

СВР Велес бележи три пријавени физички напади викендот во Демир Капија, Кавадарци и Неготино, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во саботата околу 16.50 часот во Демир Капија, кај место викано „Грчки мост“, деветнаесет годишник физички нападнал дваесет годишен, двајцата од Демир Капија. Истиот ден во 20.30 часот во Полициската станица Кавадарци, И.М.(22) од Кавадарци пријавил дека околу 17.30 часот во Кавадарци бил физички нападнат од неговиот сосед Г.Т.(69).

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека Д.П.(31) и П.М.(31) физички го нападнале Л.Ѓ.(32), сите од Неготино.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.