Вистинска драма пред новогодишните празници се случувала во еден од автобусите на ЈСП откако жена во години замолила двајца патниците да ги стават маските преку уста и нос, соогласно мерките кои ги донесе Владата и градските власти за возење во јавен превоз.
На ова тие почнуваат насилно да се однесуваат, а еден од нив се заканува дека ќе сече глави и ќе ги става мртвите тела во киселина. Ваквата реакција ја евидентирала патничка во автобусот, а видеото е споделено на социјалните мрежи:
Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима! #ПодМачБато pic.twitter.com/TqDsXilg8s
— Charles Boycott (@JohnnyParka) January 8, 2021