Хроника 06. октомври 2020. / 22:23

(ВИДЕО) Вандализирани таблите на спомениците од „Хеленската историја“ во Скопје

(ВИДЕО) Вандализирани таблите на спомениците од „Хеленската историја“ во Скопје

Брзо откако се поставени, металните табли пред спомениците на мостот „Око” во Скопје се ичкртани.

Пердика I, Архелај I, Аминта III, добија табли дека тие се дел од античката хеленска историја, но денеска врз нив можеше да се види со спреј напишано „МК“.

Истото се случи и во Битола.

Властите овие табли ги поставија во согласност со Препанскиот договор потпишан со соседна Грција.

„Жива е Македонија“, вакво видео се појави на Твитер на кое се гледа боењето на таблите. Таблите беа обоени по едно деноноќие. Со ова дел од граѓаните покажаа отпор и несогласување со договореното кое мора да се испочитува.