Продолжува потрагата по 16-годишното момче од Ресен, кое вчера исчезна во водите на Преспанското езеро, во туристичката населба Претор.
Несреќата се случила кога се превртела педалинка на која се возеле три деца, по што едно момче исчезнало.
Во потрагата учествуваат и нуркачи од Охрид.
Порталот „Центар“ објави и видео каде што спасувачите се обидуваат да го пронајдат телото и да го извлечат од водите на езерото.