Скандалозно видео од Македонија се појави на социјалната мрежа „ТикТок“ за кое се тврди дека скопјанец чува мечка како домашно миленче иако со Закон за заштита на животните тоа е забрането.
Видеото кое се споделува на социјалната мрежа „Твитер“ е со наслов „скопски фраери чуваат мечка“, а се тврди дека потекнува од некое наше село.
На видеото може да се види малото мече кое е во игра заедно со куче од расата аргентинска дога, која во еден момент го напаѓа животното по што се слуша глас во позадина кој го одвратува од намерата.
Инаку, во Македонија постои Закон со кој мечките не смеат да се ловат и се под трајна заштита на државата.
Во продолжение може да го погледнете видеото.
скопски фраери од некое Село имаат МЕЧКА за милениче #Шарени #АнимаМунди МВР на @o_spasovski спијат@dvezvezdi1 да го направиме познат pic.twitter.com/r6ZoG3pm0t
— Дедо Мраз™ од Македонија (@Dedo_Mraz) January 27, 2021