Хроника 05. јануари 2021. / 18:39

(ВИДЕО) Расте бројот на повредени во експлозијата во Урошевац

(ВИДЕО) Расте бројот на повредени во експлозијата во Урошевац

Бројот на повредени во денешната експлозија во ресторанот „Вилиџ“ во Урошевац се искачи на 42, а меѓу нив има и две малолетни лица.

Информацијата ја потврди градоначалникот на Урошевац, Казим Река.

Тој за приштинскиот портал Телеграфи изјави дека 12 повредени лица биле испратени во Ургентниот центар во Приштина. Експлозијата се верува дека е предизвикана од плинска боца во ресторанот.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи и медиумите се гледа дека ресторанот е целосно уништен.