Рано утрово, специјална полициска единица изврши претрес во неколку куќи во неколку скопски населби. Една од населбите беше и Визбегово.
Екипата на ТВ21 беше во една од куќите каде беше извршен претрес, но жителите не сакаа да зборуваат пред камера. Во оваа акција има и приведени лица. Причините не се познати, но неофицијално станува збор за сомневања за тероризам.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за ТВ21 потврдил дека имало акција, но не дал детали за причината.
Акцијата се уште трае и утре МВР ќе излезе со детали.