Моторџија со профил #trimnoraliti на „ТикТок“ објавил видео на кое се гледа како откако е застанат од сообраќајна полиција бега на полицијата.
На почетокот изгледа дека тој ќе застане на сообраќајната контрола но потоа забрзува и ги одминува полицајците.
Нека гледа народ какви луѓе зимаат возачки..
Тримнор Алити се зафркава со сокб. полиција?!?️? pic.twitter.com/hZY1kmgJ1z— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) October 7, 2020
Засега не е познато каде точно е направено видеото, но јасно се гледа дека се работи за македонски полицајци.
Десетици македонски граѓани годишно се обидуваат да им избегаат на сообраќајните полицајци но ова е најверојатно првиот кој го снимил кривичното дело.