Хроника 26. април 2020. / 19:06

(ВИДЕО) „Момчето со кучето“ повторно уапсено во време на полициски час

(ВИДЕО) „Момчето со кучето“ повторно уапсено во време на полициски час

Во населбата Кисела Вода денеска повторно е уапсен 24-годишниот скопјанец, кој минатиот викенд беше приведен со своето куче.

Новото видео објавено на каналот Јутјуб е долго 37 секунди и на него се слуша како приведениот вели „ништо не му направив, му реков си одам тука живеам“.

Друго лице на снимката вели„со канта седиш тука, не ми викај и не ми диши во лице без маска“.  И приведениот реагира дека полицаецот кој го става во полицискиот автомобил немал маска и ракавици.

Од СВР Скопје велат дека 24-годишниот скопјанец е приведен затоа што бил на улица, се шетал за време на полицискиот час со што ја прекршил забраната за движење.