Во два наврати група млади луѓе потпалуваат палми кои се засадени пред клиниката Жан Митрев во скопски Карпош. Снимките ги објави клиниката на својот Јутјуб канал, а се снимени со безбедносните камери на „Жан Митрев клиника“.
Првиот случај е регистриран во сабота околу 1:30 часот, додека вториот ноќеска околу 2:30 часот наутро. Во текот на изминатите денови во градината на Клиниката „Жан Митрев“ се запалени две палми од страна на група млади лица, информираат од Клиниката.
Синоќа група млади со син голф специјално паркираат пред клиниката и маскирани со маици врз лицето се гледа како потпалуваат едно дрво и бегаат.