Хроника 28. март 2019. / 22:29

(ВИДЕО) И вечерва гори трската кај Охридското Езеро

(ВИДЕО) И вечерва гори трската кај Охридското Езеро

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС” на Фејсбук вечерва сподели ново видео на кое се гледаат опожарени делови од струшкото крајбрежје. Од Граѓанската иницијатива ги обвинуваат институциите дека не преземаат ништо за да се спречи уништувањето на брегот на Охридското Езеро.

Калишта и вечерва гори. Инертноста на институциите, несносувањето санкции и оставки на надлежните поради овој би се осмелиле да го наречеме екотероризам што ни се случува и дрското своеволие и очигледната корумпираност на тамошниот градски татко кој наоѓаме за сходно да го цитираме ‘станува збор за приватни имоти и тврдам дека сѐ е согласно законите’, а кој дури се најде крајно навреден од нашите реакции, си го прават своето. Ситуацијата е алармантна и за охридското подрачје. Дали можеби е редно време за инакви мерки (штом сите други ги исцрпивме) во вид на радикализација на чекорите од граѓаните кои повеќе ова дивеење и пустошење не може да го сведочат и се загрижени за она што ќе им го остават на идните генерации?, велат од „Охрид СОС”.