Хроника 22. септември 2019. / 17:40

(ВИДЕО) Еколошка катастрофа – загадувањето во Вардар станува алармантно

(ВИДЕО) Еколошка катастрофа – загадувањето во Вардар станува алармантно

Видеа од Вардар обоен во портокалова боја се шират денеска низ социјалните мрежи, откако од Град Скопје соопштија дека по течението на реката има помор на риби, објави Фокус.

Како што соопштија од Градот, првичните анализи говорат дека загадувањето доаѓа од кругот на поранешна „Железара“.