Хроника 30. декември 2020. / 22:10

(ВИДЕО) Четири лица убиени во село Пожарање, Косовско

(ВИДЕО) Четири лица убиени во село Пожарање, Косовско

Четири лица беа убиени со огнено оружје во селото Пожарање кај Косовска Витина, потврдија косовската полиција и окружното обвинителство во Гњилане. Сите убиени биле членови на исто семејство.

Обвинителството ги објави првите информации, според кои едно лице со иницијали Ф.З., со огнено оружје ги убило сопругата на М.З и нивните две деца Х.З и А.З., за на крајот да изврши самоубиство.

Тие живеле во Швајцарија и биле на Косово да ги поминат годишните одмори.

Сите полициски екипи се на местото на настанот.