На автопатот Куманово – с.Табановце, кај с.Долно Коњаре, вчера попладне се случила сообраќајна незгода помеѓу „Мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од Х.Е.(53) од с.Ваксинце и „Дачија логан“, со кумановски регистарски ознаки, управувана од Н.Б.(23) од с.Табановце, кумановско.
Притоа, возилото „Мерцедес“ удрило и во паркирано товарно возило „фиат дукато“ со кумановски регистарски ознаки, сопрено од С.С.(45) од с.Оризаре, општина Липково и паркиран „форд галакси“, со кумановски регистарски ознаки, сопрено од И.Р.(45) од с.Черкези, кумановско и во И.Р., кој бил до возилото, информираат од МВР.
Во незгодата И.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.