Хроника 08. ноември 2018. / 14:21

Велосипедист тешко повреден во Скопје

Велосипедист тешко повреден во Скопје

Вчера во 07.40 часот на крстосницата од булевар „Партизански Одреди“ и улица „Никола Тесла“ во Скопје, патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(56) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.С.(28) од село Волково, скопско.

Од ударот, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот И.С., кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.