Хроника 19. мај 2018. / 10:59

Велосипедист тешко повреден во Битола

Велосипедист тешко повреден во Битола

Вчера во 11.55 часот во Битола на улица „Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Б.(47) од Битола и велосипедист Ј.К.(77) од Битола.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничка болница Битола. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.