Во Велес на улицата „Вардарска“ вчера околу 10 часот патничко моторно возило „Пежо 307“ со велешки регистерски таблици управувано од О.Т.С. (44) од Велес удрило во велосипед управуван од П.Т. (74) од с.Башино Село-велешко.
Повредениот П.Т. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.