Хроника 15. август 2018. / 19:12

Велешанец повеќекратно силувал 17 годишна девојка

Велешанец повеќекратно силувал 17 годишна девојка

Во велешката полиција во текот на вчерашниот ден 17-годишна девојка, во присуство на родителите и адвокатот, пријавила дека подолг период обљуба врз неа вршел 29-годишен велешанец.

Според нејзиниот исказ, Д.Р. сексуално ја злоупотребил во неколку наврати, од 31 јули до 3 август годинава.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.