Хроника 27. февруари 2019. / 15:35

Велешанец палел сува трева, огнот го зафатил и него и починал

Велешанец палел сува трева, огнот го зафатил и него и починал

Околу 18.30 часот синоќа во СВР Велес било пријавено дека во нива во село Мартолци, Велешко, починат и со изгореници на телото било пронајден 80-годишниот Ј.А. од истото село.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, посочи дека вчера околу 13.00 часот Ј.А. запалил исушената трева, но огнот го зафатил и него.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицинскиот центар Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб– информира Додевски.