Вчера околу 04,40 часот во хотел во Велес, при преземање на мерки од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес, а по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир од страна на А.П. (43) од Велес, истиот одбивал да се легитимира и при обидот за приведување давал активен отпор и удрил полициски службеник.
А.П. бил приведен во полициска станица.
Известен е Јавен обвинител и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.