Велешанец бил каснат од куче -скитник, вчера во Градскиот парк во Велес. Според полицијата, додека Т.Н.(59) пешачел низ паркот бил нападнат од куче и каснат на ногата.
По нападот, велешанецот побарал лекарска помош во болницата во Велес, но поради сериозноста на повредата, бил пренесен во скопските Клиники.