Хроника 17. ноември 2018. / 21:14

Вечерва верижен судир кај наплатна рампа Градско

Вечерва верижен судир кај наплатна рампа Градско

Како што информира МВР околу 18 часот се случил верижен судир кај наплатната рампа Градско во кој учествувале три возила, пренесе Инфомакс.

Според информациите до кои дојде Инфомакс.мк верижниот судир во кој учествувале три возила се случил на неколку стотини метри од наплатната рампа кај Гратско, поради неприлагодена брзина на условите на патот.

Како што информираше потпаролот на МВР Верољуб Додевски во судирот нема жртви, има едно повредено лице со лесни повреди, кое е префрлено со возило на итната медицинска помош во болницата во Неготино.