Хроника 14. октомври 2019. / 20:22

Вечерва уапсен убиецот на Мартин Јанушев

Вечерва уапсен убиецот на Мартин Јанушев

Полицијата вечерва го обезбеди Филип Секуловски Кобра , убиец на Мартин Јанушев , кој пред две години беше убиен пред својот дом во скопската населба Аеродром, објави Канал5.

Според извори на Канал 5, Филип Секуловски Кобра е веќе спроведен во затворот во Шутка.

Младиот фудбалер беше застелан пред неговиот дом на 4. ноември 2017 , по што Секуловски беше во бегство. 28- годишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.