Хроника 15. февруари 2019. / 11:08

Вчера во Скопје се случиле 8 сообраќајни несреќи

Вчера во Скопје се случиле 8 сообраќајни несреќи

МВР извести дека вчера на подрачјето на Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди. Едната сообраќајна несреќа била со тешки телесни повреди, во три сообраќајни незгоди имало полесни телесни повреди и четири со материјална штета, притоа, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а четири лица лица биле повредени.

-Од преземените мерки и активности констатирано е дека 37 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени осум возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, четворица управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи шест биле нерегистрирани и едно возило било технички неисправно- пишува во билтенот на МВР.

Според соопштението, санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, осум поради неправилно престројување, пет поради непоседување пропишана зимска опрема, шест поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Според извештајот на МВР, санкционирани се двајца пешаци поради тоа што го поминале коловозот надвор од пешачкиот премин и еден пешак поради поминување на коловозот на црвено светло. Вчера се издадени 99 мандатни платни налози и 80 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.