Вчера во 20:30 часот било пријавено дека во атарот на село Норово избувнал шумски пожар во кој горело стрниште, нискостеблеста дабова и борова шума.
Од страна на екипа на Територијална противпожарна единица Крушево и екипа на ЈП„Липа“- Крушево било интервенирано и пожарот бил локализиран, но на некои места се уште бил активен.
Полицијата презема потребни мерки за целосно гаснење на пожарот.