Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 585 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице.
На 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република С. Македонија.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, информираат од МВР.