Хроника

Вчера 12 сообраќајки во скопје – седум лица повредени

Вчера 12 сообраќајки во скопје – седум лица повредени

Во текот на вчерашниот ден (19.09.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 12 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет со лесни телесни повреди и пет со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 62 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и двајца возачи поради неносење заштитен шлем (кацига).

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 58 мандатни платни налози, додека 51 возило е подигнато со специјално возило „пајак“.