Пешак и возач на моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 11 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден. Во пет сообраќајки биле полесно повредени девет лица, а во четири била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, 43 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи неправилно се престројувале, а тројца возачи не користеле заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл. Казнети се и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и шест пешаци кои поминале улица на црвено светло.
Исто така, од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 13 нерегистрирани возила. Затекнати биле 59 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 61 возило.