Хроника 22. октомври 2018. / 15:30

Ужас: Струмичанец си ги претепал сопругата и синот

Ужас: Струмичанец си ги претепал сопругата и синот

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 43-годишниот Е.Џ. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ при семејно насилство.

На 04.10.2018 година околу 18:00 часот во Струмица, во неговиот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга при што и нанел тешка телесна повреда. Потоа истиот физички го нападнал и нивниот малолетен син, нанесувајќи му телесни повреди.