Хроника 23. август 2018. / 13:43

Ужас: Маж си ја претепал сопругата и малолетната ќерка во Крива Паланка

Ужас: Маж си ја претепал сопругата и малолетната ќерка во Крива Паланка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.В. од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

На 15.08.2018 година околу 00:10 часот во неговиот дом во Крива Паланка, при семејна расправија, пријавениот физички ги нападнал неговата сопруга, 31-годишната Л.В. и нивната малолетна ќерка.