Хроника 11. октомври 2018. / 14:30

Ужас: Девојче силувано од соседот во Прилеп

Ужас: Девојче силувано од соседот во Прилеп

Десетгодишно девојче било силувано во Прилеп од страна на соседот.

Според информации на МВР, вчера во 20:15 во Полициската станица Прилеп, 45-годишна жена од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 20.00 часот нивниот сосед М.У. извршил полови дејствија врз нејзината 10-годишна внука.

М.У. е приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.