В.К.(27) од Скопје утрово во 5.10 часот пријавил дека во 4 часот во угостителски објект на улица „Партизански одреди” бил физички нападнат од непознато лице.
По преземени мерки, нападот е расчистен и е направен записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир против лицето Н.Р.(28) од Скопје.