Утринава во 00.20 часот на регионалниот пат Неготино – Радовиш, во близина на полигонот кај с.Пепелиште, полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „Опел Синтра“ со штипски регистарски ознаки. Возачот нагло го запрел возилото и побегнал. Во наведеното возило биле откриени 12 лица од Пакистан и шест лица од Авганистан. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот. Мигрантите се пренесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.
За настанот е известен Јавен обвинител.