Хроника 14. февруари 2019. / 15:10

Уште една жртва од вчерашната автобуска несреќа е Павле Костоски

Уште една жртва од вчерашната автобуска несреќа е Павле Костоски

Павле Костоски  е уште една жртва на вчерашната автобуска несреќа. Неговите колеги од Организацијата за потрошувачи се простија од него.

Бобан Аврамоски, Бесим Камбери од гостиварското село Сеноко, Јовица Трпевски, Зоран Давидоски и Онур Садику, се познатите идентитети на починатите во вчерашната сообраќајна несреќа.

Има 14 починати, а 7 лица се во критична состојба.