Хроника 11. мај 2018. / 11:02

Уште еден мотоциклист тешко повреден на скопските улици

Уште еден мотоциклист тешко повреден на скопските улици

Вчера околу 17:15 часот во Скопје на улица „Маџари“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Трува“ со скопски регистарски ознаки управуван од К.Н. (21) во Скопје и патничко моторно возило „Фиат Пунто“ исто така со скопски регистарски ознаки управувано од Л.Б. (55) од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се задобил К.Н. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.